Токсичната култура е производ на лош менаџмент во бизнисот

Доколку токсичната работна средина преовладува цело време ниту еден разумен човек не може да преживее таква рутина на подолг рок.
Луѓето ги извршуваат своите секојдневни работни задачи на многу незаинтересиран начин. Нема да забележите интеракција, меѓусебен ангажман или размена на било какви информации поврзани со работните обврски. Може да се видат луѓе како се преправаат дека се премногу зафатени, но не постои реален ангажман ниту со работата, а ниту со колегите од работа.
На крај, голем дел од работниот ден во токсична компанија поминува во разговор, озборувања и создавање непотребна драма за не-настани.
Токсичната работна средина води до немотивирани вработени и непријатна работна атмосфера. Не постои поттик да се работи најдобро што се може, бидејќи нема фидбек, благодарност и се чини дека никој не се грижи за вложениот труд.
Пишува: Ксенија Манева-Вангелова