Откриена е печурка која предизвикува силен оргазам кај жените

Се чини дека природата подеднакво се грижи и за мажите и за жените и никој нема право да се почувствува дискриминиран и подреден во однос на другиот.
Бројни се различните растенија за ерекција кај мажите, кои што егзистираат на оваа планета со милениуми и речиси исто толку време се употребуваат. За жените пак, природата создала печурка, која предизвикува силен оргазам кај нив. Да, навистина постои таква печурка и расте на Хаваи.
Оваа, за жените чудесна печурка, има светло – портокалова боја и расте единствено на места со последни изливи на вжештена лава пред околу 600 – 10 000 години (од кога се датира и нејзиното формирање) овој вид на печурка има репутација на моќен женски афродизијак кога истата ќе се помириса.

Студијата, објавена во 2001 година, е само дел во кој (од неразбирливи причини) дури не се дава ниту целосното име на печурката, туку само видот – Dictyophora. Во склоп на студијата, направени се и експерименти кај машки и женски волонтери. Од волонтерите било побарано да вдишат силно од оваа печурка. Речиси половината од жените покажале знаци на возбуда, додека пак сите мажи изјавиле дека печурката има одвратен мирис.
Резултатите од истражувањето покажале која е причината за ваквото дејство на печурката кај жените – сличноста на состојките присутни во спорите на печурката со човековите невротрансмитери кои се ослободуваат за време на сексуалните односи. Така, овие нејзини состојки помагаат во поголемо лачење на хормони кои се „виновни“ за женскиот оргазам.
Затоа, уште сега донесете ја вистинската одлука за вашиот следен летен одмор – тоа нека бидат убавините на Хаваи и секако, силниот женски оргазам.
За Strumica Online пишува: Марјан Минов