#5од5 со: Јасна ТРПКОВА [лингвист и музички уметник]

Доколку сте од Струмица и сакате џез музика, не веруваме дека не сте ја запознале Јасна Тркова или пак, ја немате слушано на некои од нејзините настапи. Таа е темпераментна, трудољубива, весела, духовита, дружељубива и бескрајно креативна и инспиративна дама, со глас кој може да те однесе во едно друго време, каде љубовта се шири низ звуците и атмосферата кои се создаваат додека таа пее. Професионално е лингвист и го проучува јазикот, а тоа е идеална можност да се спојат совршенството на музиката и јазикот.
Еве ги нејзините одговори:
1. Што прво правиш во денот?
– Проверувам известувања од соништата и интуицијата.
2. Кафе, чај или сок наутро?
– Кафе. Сакам умерено разблажени црнила.
3. Спорт или филм?
– Филм – за да се изнатрчам низ туѓата имагинација.
4. Планина или езеро?
– Ако може двете, секогаш двете.
5. Политиката би ја сменил/а со…?
– Полетика – секој да го пронајде својот општокорисен полет и да има можност го негува, дарува и остварува.