#50д5 со: Катерина ПАНОВ КОЖАРОВ [наставничка]

Таа е професор по англиски јазик и литература во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица, поетеса, сопруга, мајка, поборник за феминистичките идеали, затоа што како што таа вели „да покажеме колку жената знае да оди рамо до рамо со мажот, оти впрочем тие се двата совршено споиви делови на сложувалката“, и позната на нашата јавност од културните настани кои го обележуваат секојдневото живеење.
Еве што ни одговори на нашите прашања:
1. Што прво правиш во денот?
– Гушкање и впивање на мирисот на моите деца за да ја соберам потребната сила за денот кој претстои.
2. Кафе, чај или сок наутро?
– Вака ми се наредени по редослед на омиленост:
- кафе
- кафе
- кафе
3.Спорт или филм?
– Добра книга, иако не е понудена (не знам зошто ?!)
4. Планина или езеро?
– Двете би била идеалната комбинација… на пример бисерниот Охрид со озонот на Галичица.
5. Политиката би ја сменил/а со…?
– Во приказната за земјата Утопија љубовта во својата најчиста и најневина форма му е позната на светот, а оттука и би немале баш некоја потреба да го менуваме терминот ‘политика’ нели?