#5до5 со: Марјан МИНОВ [историчар на уметност]

Го знаеме од Роднокрајните поетски средби и 100 Илјади поети за промена. Тој е поет, одличен craft-man (изработувач на уникатни парчиња накит и сувенири), а пред сѐ дипломиран историчар на уметноста. Неговите дела може да ги видите ОВДЕ, а во прилог неговите одговори:
1. Што прво правиш во денот?
– Најпрво што правам е: се заблагодарувам за новиот ден.
2. Кафе, чај или сок наутро?
– Дефинитивно кафе, другите две работи не можат доволно да ме расонат.
3. Спорт или филм?
– Филм, на него можам да заспијам.
4. Планина или езеро?
– Зависи кога. Ги сакам и двете.
5. Политиката би ја сменил со…?
– Политиката би ја сменил со сапуница: шпанска, турска, индиска, бразилска… Најважно е да се забавуваш.