#50д5 со: Дејан АНГЕЛОВ [режисер]

Струмичката публика го запознавме преку неговиот прв официјален режисерки проект „Кротка“, театарска претстава која доживеа десетици изведби во театарот во Струмица. Дејан Ангелов е прв пат на нашата платформа, затоа со огромно задоволство ги споделуваме неговите одговори. 🙂
1. Што прво правиш во денот?
– Прво ги дигам ролетните да влезе светлината во собата и го отворам прозорецот да влезе чистиот воздух и новиот ден.
2. Кафе, чај или сок наутро?
– Почнувам со една до две чаши вода, па кафе.
3. Спорт или филм?
– После добар филм или добра книга сакам да излезам на трчење или пешачење. Значи и двете.
4. Планина или езеро?
– Идеално би било планина со езеро. Но само на езеро или море не сум обожавател.
5. Политиката би ја сменил со…?
– Политиката би ја сменил со гатање на грав, бидејќи во неа најмногу ме дразни хистеричниот оптимизам.