Секое создадено сеќавање е важно за животот

Сеќавања – убави и лоши! Се сеќаваме често, не асоцираат многу моменти, ситуации, но и така без повод кога “сакаме“ да се сеќаваме.
Убавите ни будат повторно пријатни чувства, пријатни емоции, додека пак непријатните, силно ги актуелизираат негативните емоции – болка и тага!
Дали да се сеќаваме?! Секако дека и тоа е дел од нашиот живот.
Да се сеќаваме само на убавите моменти, а да немаме понекогаш сеќавања кои ни предизвикуваат тага и болка, кога телото боледува, а душата се кине, е невозможно! Не е можно да се избришат со гума, ниту пак да исчезнат од нашите глави такви преживеани моменти, само може почесто да си порачуваме, да се трудиме тие лоши искуства помалку да ги оживуваме во нашите мисли.
Сеќавања – ама на убави моменти и ситуации, на мигови што оставиле јаки впечатоци, на моменти кои вредат едно цело богатство, тоа да биде нашата порака. За оние другите, само понекогаш, само тогаш кога навираат како присила, а не можеме да ги спречиме!
„Триумф на животот е тоа што старите луѓе ги губат нивните сеќавања на несуштинските нешта. Ние не се трошиме со времето, времето е алатка која го отстранува нашиот одвишок, како длето кое отстранува мермерни струготини за да го открие уметничкото дело.“ – Габриел Гарсија Маркез
Пишува: Д-р Љубинка Вета